Свет 10. февруари 2021. / 13:26

Повеќе европски градови блокирани поради снежно невреме

Повеќе европски градови блокирани поради снежно невреме

Студената бура која се најавуваше со денови пристигна во повеќето европски градови и со снежните наноси веќе направи проблеми. Германија и Велика Британија уште од вчера се под снежна блокада, а снег има и во Белгија и Данска.

Имено десетици возачи ја минале ноќта во возила заробени во снег на автопат во северозападна Германија, а во Велика Британија поради снежни врнежи, некои здравствени центри се затворени.

Блокиран е автопатот кај германскиот град Билефелд поради обилни снежни врнежи во изминатите 48 часа, а повеќе камиони се превртени па автопатот е затворен во двата правци. Возачите поминале околу 16 часа во возилата при студено време. Во централниот дел на Германија дошло до блокада на патиштата поради снегoт.