Свет 02. декември 2018. / 14:21

Порошенко побара помош од Германија за справување со рускиот агресор

Порошенко побара помош од Германија за справување со рускиот агресор

Украинскиот претседател Петро Порошено побара помош од Германија и нејзините сојузници за да го зајакнат присуството во Црното Море и да ја спречат, како што рече, Русија од понатамошна агресија.

Порошенко оцени дека е неопходна „силна и единствена реакција на агресивното однесување на Русија“.

Наведе дека Русија поставила голем број војници долж границата со Украина, предупредувајќи дека тие ќе влезат подлабоко во украинската територија.