Поранешниот уругвајски дипломат Енрике Фасели на неодредено време е сместен во психијатриска установа поради убиство на својот сосед во Лондон.
Убиството се случило по долготрајниот спор што го имал со него, пренесе агенцијата АП.
Против Фасели, кој 18 години работел како аташе за култура во Амбасадата на Уругвај во Лондон, е покренато обвинение за убиство на Џулијан Обри, кој живеел во иста зграда како и уругвајскиот дипломат.
Властите соопштија дека во октомври 2017 Фасели 22 пати го избодел со нож 55-годишниот Обри поради погрешно уверување дека тој е геј-активист, сатанист и дека сака да го убие.
Во два психијатриски извештаи се наведува дека кај 49-годишниот Фасели е дијагностицирана параноидна шизофренија, наведува АП.