Свет 09. декември 2019. / 17:36

Поради закани за бомби евакуација на болници и училишта во Санкт Петербург

Поради закани за бомби евакуација на болници и училишта во Санкт Петербург

Десетина болници и неколку училишта во Санкт Петербург добиле закани за поставени експлозивни направи, соопштија извори од руските служби за вонредни ситуации.

Според нив, закани добиле 11 болници и неколку училишта.

Претходно денеска поради закани со бомби биле евакуирани и градски судови, кои сега повторно работат бидејќи не се пронајдени опасни предмети по извршениот претрес.

И пред три дена една третина од метро станиците во Санкт Петербург добија закани со бомби, но специјалните полициски единици утврдија дека станува збор за лажни дојави. Тогаш 20 болници и 40 образовни установи добија слични предупредувања.