Во Германија, бројот на лица примени во книгата на германски државјани се зголеми за 15 проценти минатата година, најмногу благодарение на британските граѓани кои земаат и германско државјанство поради Брегзит, соопшти денеска германското Федерално биро за статистика.
„Во 2019 година, 128.900 германски граѓани и со странско потекло добија германско државјанство, најголем број од 2003 година. Од нив, 14.600 нови државјанства отпаѓаат на граѓани на Велика Британија“, соопшти германското Федерално биро за статистика во Визбаден.
Порастот на барањата за германско државјанство кај британските граѓани почна нагло да расте во 2016 година во годината на референдумот за Брегзит.
Во 2015 година, година пред референдумот, само 600 Британци аплицирале за германско државјанство.