Свет 04. ноември 2019. / 21:00

Попокатапетл исфрла пепел во правец на Мексико Сити

Попокатапетл исфрла пепел во правец на Мексико Сити

Мали количини пепел паднале на јужниот дел на Мексико Сити, поради зголемената активност на блискиот вулкан Попокатепетл, соопштија мексиканските власти.

Канцеларијата за цивилна заштита во Мексико вчера објави дека пепел паднал во јужните предградија на мексиканската престолнина Тлалпан и Шошимилко.

Во соопштението се вели дека пепелта ќе продолжи да надоаѓа и дека најверојатно ќе оди во правец кон Мексико Сити, но ерупцијата не би била полоша од оние што се случија во последните години, објави АП.

Вулканот Попокатепетл е висок 5.426 метри и се наоѓа на 90 километри југоисточно од мексиканската престолнина.

Овој вулкан беше особено активен на почетокот на годината, но неговата активност малку се смири.

Околу 25 милиони луѓе живеат во радиус од стотина километри од кракот Попокатепетл.