Свет 18. декември 2019. / 11:37

Половина милиони евакуирани во изминатите три недели поради лажни терористички закани во Москва

Половина милиони евакуирани во изминатите три недели поради лажни терористички закани во Москва

Речиси половина милион луѓе беa евакуирани низ Москва во изминатите три недели поради лажни терористички закани.

Повеќе од 3.500 згради, метро станици, судови и аеродроми беа евакуирани од почетокот на бранот закани со бомби на 28 ноември.

Не е пронајдена бомба на ниту една локација.

Москва се соочи со бран терористички закани последниве години. Руските власти претходно влегоа во трага на таквите повици, кои по правило доаѓаа од странство, вклучително и од Украина.