По неколкунеделните протести, политичките партии во Чиле рано утринава се договорија и го отворија патот за донесување нов Устав, соопштија преговарачите во Сантијаго де Чиле, јави ДПА.
Во текот на едномесечниот бран протести загинаа повеќе од 20 лица, додека стотици се повредени.
Вчерашните маршеви низ улиците на главниот град Сантијаго во голем дел беа мирни, за разлика од градот Валпараизо, каде што демонстрантите вооружени со стапчиња и камења се судрија со полицијата, која одговори со солзавец.
Во обид да ја деескалира ситуацијата во земјата, претседателот Себастијан Пинера претходно го откажа зголемувањето на цената на билетите за метро, што беше првична причина за протестите и најави мерки како што се зголемување на минималната плата и напензиите, како и повисоки даноци за богатите.
Сепак, мерките не ги смирија демонстрантите и Пинера конечно ги прифати нивните барања за уставни реформи, дополни ДПА