Полицијата во Лондон преговара со вооружен напаѓач, кој, како што пренесуваат светските медиуми, се заканува дека ќе убива луѓе.
Припадниците на полицијата го опколиле црвениот автомобил во кој е забарикадиран Мажот, за кој се претпоставува дека е вооружен со пиштол. Утрово околу 9 часот полицијата е известена дека непознат човек во Кројдон злоупотребува жители и им се заканува дека ќе ги убие.
Полицијата е повикана во вторник во 8.32 часот од страна на човек кој изјави дека има намера да убива луѓе. Човекот е пронајден во автомобил и, кога му пришле полицајците, им рекол дека е вооружен. Службите се обидуваат мирно да ја решат ситуацијата, соопшти лондонската полиција.
@ addiscombe, croydon pic.twitter.com/cbAMSf72Uv
— Daniel Goddard (@DGods_) March 19, 2019