Свет 01. јули 2020. / 11:43

Полиција врши претрес во Ватикан поради сомнеж за корупција

Полиција врши претрес во Ватикан поради сомнеж за корупција

Ватиканската полиција изврши претрес во одделението задолжено за одржување и реставрација на Базиликата Свети Петар и заплени документи и компјутери со цел да истражи евентуална корупција.

Канцеларијата на Ватикан за односи со јавноста соопшти дека се запленети материјали од техничкото и административното одделение на конзерваторскиот институт „Фабрика ди Сан Пиетро“, кој потекнува од 15 век, од времето пред да почне изградбата на Базиликата.