Свет 13. декември 2019. / 13:21

Во Париз убиен човек кој со нож им се заканувал на полицајци

Во Париз убиен човек кој со нож им се заканувал на полицајци

Еден човек е убиен во Париз откако со нож им се заканувал на полицајци.

Припадник на обезбедувањето ја информирал полицијата дека во деловниот кварт Дефанс има маж, вооружен со нож. Кога трочлената полициска патрола излегна на местото на настанот, вооружениот маж потрчал кон нив со ножот, извикувајќи: Ќе ве убијам!.

Полицајците испукале седум куршуми, од кои два го погодиле во градите и бедрото. Напаѓачот кај себе нема документи за идентификација.

Властите им порачаа на граѓаните да ја избегнуваат таа област.