Започна историскиот самит, помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, во Хелсинки.
BREAKING: Pres. Trump, Russian Pres. Vladimir Putin meet for summit in Helsinki, Finland. https://t.co/pnM34fHNdQ
WATCH LIVE: https://t.co/Sdy3m0YL1V pic.twitter.com/KamsdCdY4A
— ABC News (@ABC) July 16, 2018
Инаку Путин доцнел па целиот настан е поместен за околу 20 минути.
Во пресретна состанокот во четири очи, Трамп и Путин седнаа пред новинарите на кои на кратко им се обратија. Путин беше краток, изјавувајќи дека ќе разговаат за сите важни теми. За разлика од него, Трамп говореше нешто подолго, наведувајќи ги темите за кои има намера да разговара.
Според планот на самитот, Владимир Путин и Доналд Трамп ќе имаат отприлика околу три часа, колку што би требало да трае нивниот разговор, да ги “поминат“ сите теми кои се на маса.
Двајцата светски лидери ќе разговараат очи в очи, во финската Претседателска палата, здание од 19 век, кое своевремено била резиденција за руските цареви во Финска.
Од ситуацијата на Блискиот исток, пред се Сирија, улогата на Иран, потоа Украина, каде истокот на земјата го контролираат проруските сили, а тука се и западните санкции воведени кон Русија после анексијата на Крим, наводното руско мешање во американските избори, како и состојбата во која се наоѓа договорот за нуклеарно вооружување.
Инаку самитот во Хелсинки ќе биде четврта средба на претседателите Трамп и Путин од инаугурацијата на Трамп во јануари 2017 година.
И додека некои посматрачи гледаат предност во можното приближување на САД и Русија, други и понатаму се песимисти бидејќи сметаат дека нормализацијата на односите најмногу зависи од решавањето на три примарни прашања: истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер за руското мешање во американските избори, продолжувањето на санкциите спрема Русија и припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година.
И пред да почне да разговара со Путин, Трамп на својот твитер налог напиша дека односите меѓу САД и Русија никогаш не биле полоши.