Следната година Велика Британија треба да ја напушти Европската унија, а се повеќе Британци поднесуваат барање за германско државјанство, соопшти денеска германската сојузна агенција за статистика.
Бројот на Британци кои станале германски државјани се зголемил за 162 проценти, во споредба со минатата година.
Вкупниот број на Британци кои за две години станаа државјани на Германија изнесува околу 10.400.