Во сериозна несреќа која ја предизвикал пијан возач на двокатен автобус во Лондон повредени се 20 лица, објави BBC News.
Според Скотланд Јард, возилото се судрило со неколку автомобили надвор од патот и зафатило автобуска станица.
“Им дадовме итна помош на 20 пациенти, од кои 18 беа однесени во болница”, се вели во официјалното соопштение од властите.