Новоназначениот вршител на должноста како шеф на Пентагон, Кристофер Милер, во вторникот објави дека САД ќе повлечат повеќе војници и од Авганистан и од Ирак до средината на јануари следната година.
Планирано е повлекување на 2500 војници од Авганистан, а исто толку и од Ирак.
Соединетите американски држави моментално имаат стационирано приближно 4.500 војници во Авганистан и повеќе од 3.000 во Ирак.
Минатата недела Милер беше назначен како вршител на должноста Министер за одбрана на Пентагон, по ненадејното отпуштање на министерот за одбрана Марк Еспер од страна на претседателот Доналд Трамп.
Го исполнивме предизвикот; дадовме сè. Сега е време да се вратиме дома, напиша Милер.
Во пораката во саботата рано наутро до вработените во Министерството за одбрана, Милер рече дека е „уморен од војна“ и дека е време да се стави крај на конфликтите во Америка на Блискиот исток.
– Ние не сме народ кој ќе води вечна војна – тоа е антитеза на сè за што се залагаме, на се за што се бореа нашите предци. Сите војни мора да завршат, напиша Милер, додавајќи дека САД се на чекор да ја поразат Ал Каеда и нејзините соработници.
Трамп претходно изјави дека процесот ќе е забрзан и дека сака да изврши целсно повлекување до Божиќ, доколку тоа е возможно.
Денеска пак, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО може да плати висока цена доколку предвреме го напушти Авганистан.
LIVE: Acting Secretary of Defense Chris Miller speaks to reporters at the Pentagon https://t.co/qd6KNq53fP
— Department of Defense ?? (@DeptofDefense) November 17, 2020