Свет 19. април 2020. / 21:51

Педесетина загинати во меѓуетнички вооружени судири во Нигерија

Педесетина загинати во меѓуетнички вооружени судири во Нигерија

Во вооружени напади во северозападниот дел на Нигерија загинале 47 луѓе.

Како што соопшти началникот на полицијата во градот Кацина, Гамбо Исах, вооружени лица извршиле напади во градовите Дутсинма, Данмус и Сафана.

Исах додава дека нападите најверојатно се изведени заради одмазда, а во нив имало и голем број ранети, коишто се пренесени во болница.

Шефот на полицијата соопшти дека добро вооружени полициски сили почнале копнена и воздушна операција против напаѓачите.

Во овој дел од земјата, честопати во борба за пасишта, доаѓа до конфликти меѓу локалните селани и овчарите кои доаѓаат од други делови на Нигерија. Таа нетрпеливост е особено изразена меѓу овчарите од заедницата Фулани и другите племињата кои живеат од земјоделие.

Членовите на заедницата Фулани тврдат дека земјоделците се обидуваат да го украда нивниот добиток и честопати и ги напаѓаат.