Групата земји против корупцијата на Советот на Европа (ГРЕКО) предупреди дека поради пандемијата на корона вирусот се зголемени ризиците од пораст на корупцијата 19 во секторот здравство и апелираше до државите на максимална транспарентност.
ГРЕКО објави насоки за 50 земји на Советот на Европа со цел да се спречи корупцијата во контекст на здравствената криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот.
Ерупцијата на епидемијата со Ковид-19 ги зголемува ризиците од корупција, а посебно е ранлив секторот здравство поради потребата за итна набавка на медицински материјали, поедноставените правила за набава, пренатрупаните болници и преоптоварениот медицински персонал – посочува ГРЕКО.
Претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела, истакна дека со оглед на концентрацијата на моќ, укинувањето на одредени права и слободи и вбризгувањето на големи суми пари во економијата за да се надмине кризата, не смеат да се потценат ризиците од пораст на корупцијата поради пандемијата.
Коруптивните пракси би можеле да ги погодат сите јавни и приватни сектори и можат да се појават во облик на подмитување во услужните сектори поврзани со здравството, судир на интереси и лобирање во истражувањето и развој на нови производи, комерцијализација на медицинските производи и измами поврзани со Ковид-19 т.е. рекламирање на фалсификувани лекови – се истакнува во соопштението.
Поради тоа, ГРЕКО апелира до властите на сите ниво на максимална транспарентност и комуниација при донесување на одлуките.
ГРЕКО е формиран во 1999 година со цел да се зајакнат капацитетите на земјите-членки во борбата против корупцијата, во кои членнуваат 47 земји-членки на Советот на Европа, како и Белорусија, Казахстан и САД.