Свет 09. март 2019. / 15:06

Пациент пукал во болница

Пациент пукал во болница

Двајца пациенти се ранети при инцидент со пукање во една болница во Прага, соопштија од чешката полиција.

Во соопштението се наведува дека еден од пациентите почнал да пука во болницата синоќа пред полноќ. Напаѓачот бил сместен во иста соба со двајцата повредени пациенти.

Еден од повредените е во тешка состојба. Истрагата за инцидентот е во тек.