Свет 11. ноември 2020. / 16:52

Отвориле дупка во подрумот на германската царина и украле 6,5 милиони евра

Отвориле дупка во подрумот на германската царина и украле 6,5 милиони евра
фото: Германска полиција

Германските медиуми денеска објавија дека од Централата на царинатана Германија во градот Емерих украдени се 6,5 милиони евра.

Три маскирани лица на 1 ноември упаднале во зградата на Германската царина околу шест часот утрото, а го напшутиле објектот околу 10 часот и 45 минути. Тие со парите побегнале во бело возило.

-Истрагата покажа дека кражбата била професионално испланирана и извршена. Тројца засега непознати сторители дупчеле дупка од соседната просторија и така стигнале до подрумот каде што се наоѓал сефот, соопшти полицијата.

Полицијата објави фотографии направени од еден од сведоците. Царината нуди награда од 100.000 евра за информации што ќе доведат до сторителот.