Свет 23. декември 2020. / 10:21

Откриено наоѓалиште од 100 тони злато во Турција

Откриено наоѓалиште од 100 тони злато во Турција

Големо наоѓалиште на злато од околу 3,5 милиони унци (речиси 100 тони) е пронајдено во Турција. Неговата редност се проценува на околу шест милијарди долари, објави денеска државната новинска агенција Анадолија.

Откритието во близина на западниот град Согут го објави Фахретин Појраз, кој е на чело на Земјоделските кредитни задруги на Турција и фирмата за производство на ѓубрива „Губретас“.

Појраз тврди дека новото откритие е меѓу првите пет рудници за злато на глобално ниво.

Тој истакна дека „во рок од две години ќе биде извлечено првото злато и ќе придонесе за зајакнување на турската економија. Акциите на Губретас се зголемија за речиси 10 проценти на берзата во Истанбул“.

Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез во септември рече дека Турција минатата година собори рекорд, произведувајќи 38 тони злато.

– Наша цел за следните пет години е да достигнеме годишно производство на 100 тони злато, нагласи Донмез.