Свет 01. април 2019. / 12:37

Откриени страшни детали за несреќата во која загина Емилијано Сала

Откриени страшни детали за несреќата во која загина Емилијано Сала

Кон крајот на јануари, светската јавност ја потресе веста за смртта на Емилијано Сала, кој загина при пад на авион, со кој требаше од Нанта да стигне во Кардиф.

Прво не беа познати сите детали, потоа дефинитивно е идентификувано телото, а и неколку месеци после несреќата се откриваат новите детали.

Како што дознава Би-Би-Си, пилотот на авионот во кој се наоѓал аргентинскиот напаѓач, Дејвид Иботсон немал дозвола да лета преку ноќ.

Трагедијата се случила токму кога летал вечерта над Ламанш, а причината поради која Ибтсон немал лиценца за ноќни летови е поради тоа што е далтонист.

Пилотот на „Пајпер“ не можел да разликува бои, па во неговата лиценца за летање стои дека со авион смее да управува само преку ден.

Британската Служба за цивилно воздухопловство се уште не се огласила по повод новите детали, бидејќи уште е во тек истрагата која ја спроведува Одделението за истражување авио-инциденти.

Телото на Емилијано Сала во почетокот на февруари беше пронајдено на дното на Ламанш, но не и посмртните останки од пилотот Дјевид Иботсон.