Претседателот на Чиле , Себастијан Пинера , денеска најави реформи во владата, на ден по милионските протести ,до сега невидени во земјата.
„Побарав од сите министри да си поднесат оставка за да можам да формирам нова влада и да одговорам на овие нови барања“, рече претседателот во обраќањето пред нацијата од Претседателската палата Ла Манеда.
Повеќе од милион луѓе учествуваа на маршот во знак на протест против нееднаквоста и бараа поголема социјална правда.
„Живееме во нова реалност. Чиле денес е различно отколку пред една недела“, додаде претседателот.
Ова е трета реконструкција на владата на конзервативниот претседател за нешто повеќе од година и пол . Себастијан Пинера стапи на должност во март 2018 година.
Невидените протести почнаа поради зголемената цена на билетите во метрото за повеќе од 3 проценти. Но, и покрај повлекувањето на одлуката, социјалното незадоволство не се намали.Чиле е една од најразвиените земји во Латоинска Америка, но истовремено има огромна социјална нееднаквост.