Оса предизвикала сообраќајна несреќа на автопат во германската покраина Тирингија, објави полицијата.
Осата влегла во камион и започнала да му пречи во возењето на возачот. Тој се обидел со раката да ја тргне, по што, несакајќи направил сообрќајка.
Возачот го превртел возилото и претрпел мала повреда.
Камионот застанал среде автопатот, што предизвикал колона од автомобили долга пет километри.