Свет 17. ноември 2019. / 11:00

Инспирирана од Боливија опозицијата во Венецуела излезе на протест

Инспирирана од Боливија опозицијата во Венецуела излезе на протест

Во главниот град на Венецуела, Каракас, се одржаа протести предводени од лидерот на опозицијата Хуан Гваидо, кој ги повика граѓаните да излезат на улиците и да го соборат од власт претседателот Николас Мадуро.

Гваидо повика на демонстрации низ целата земја за да заживее кампањата што се спроведува против Мадуро од јануари, а која во изминатите месеци загуби од интензитетот.

Гваидо ги повика приврзаниците да останат на улиците во текот на наредните денови, укажувајќи на Боливија, каде што по 18 дена протести, претседателот Ево Моралес, сојузник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, поднесе оставка.

– Ако останеме дома, ќе изгубиме. Денеска, утре и понеделник – ќе бидеме на улиците – порача Гваидо на протестен марш со помала група приврзаници, движејќи се кон боливиската амбасада во источен Каракас.