Свет

Операција против ИД во Адана, голем број уапсени

Операција против ИД во Адана, голем број уапсени

Тимови на турската полиција утрово извршија операција во Адана против џихадистичката група Исламска држава, и уапсија голем број луѓе, објави турската национална телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Операцијата беше поддржана од специјалните сили. Симултани акции се извршени истовремени на различни адреси, кои биле темелно пребарувани.

Акциите на турските сили беа придружени со силни безбедносни мерки.