Свет 31. мај 2018. / 15:43

ОН: Расте насилството во Либија – станбени згради цел на воздушни напади

ОН: Расте насилството во Либија – станбени згради цел на воздушни напади

ОН предупредија денеска дека расте насилството во либискиот град Дерна, чии станбени зони се цел на воздушни напади и артилериско гранатирање.

Во градот има голем недостиг на вода, храна и лекови, а 125-те илјади жители немаат струја и вода за пиење, се посочува во извештајот Светската организација.

Овој град во источна Сирија речиси една година е опколен од силите на групата Либиска национална армија (ЛНА), чиј лидер Халифа Хафтар се спротивставува на Владата призната од меѓународната заедница.

Дерна, кој се наоѓа на околу 270 километри од границата со Египет, е единствениот град во источна Либија што не е под контрола на силите на Хафтар.

– ЛНА соопшти дека ги контролира источниот и западниот приод на градот и околните зони, каде има судири, се вели во извештајот на ОН.

Силите на Хафтар се обидуваат да го преземат градот, кој е под контрола на коалицијата на локални исламистички борци, позната како Совет на муџахедините од Дерна или Сили за заштита на Дерна.

Хафтар вели дека се обидува да ја отстрани заканата за Либија од милитантните исламистички групи. Критичарите го обвинуваат дека сите свои опоненти ги нарекува „терористи“ во обид да ја прошири својата власт.

До овој месец кампањата на ЛНА се ограничуваше на ретки воздушни напади и бомбардирања на Дерна, но од 22 мај силите на Хафтар започна со артилериски оган врз градот, при што досега загинаа петмина цивили, меѓу кои и две деца, се додава во документот на ОН.