Речиси 300 турски дипломати побарале азил во Германија од неуспешниот пуч во Турција во јули 2016 година, пишува германскиот весник “Velt am Sonntag”.
Податоците на германското МВР покажуваат дека 1.177 Турци со дипломатски статус или акредитиви меѓу кои и сопружниците и децата на дипломатите побарале азил во земјата.
Министерството засега не е достапно за коментар.
По неуспешниот обид за пуч, Турција уапси над 40 илјади лица, додека пак над 100 илјади лица се отпуштени или суспендирани во воената, државната и приватната служба.
Германските партии отворено ги критикуваа ваквите мерки на турската влада, додека пак Турција во повеќе наврати вршеше притисок на Германија да ги предаде луѓето за кои се верува дека се вмешани во обидот за пуч.