Свет 26. јануари 2020. / 12:22

Околу 258 милиони деца во светот не одат во училиште

Околу 258 милиони деца во светот не одат во училиште

Заменичката на генералниот секретар на ОН, Амина Мохамед, предупреди дека постои „алармантна криза во образованието во светот“, информирајќи дека 258 милиони деца под 17-годишна возраст не одат во училиште и оти само 49 проценти од нив завршуваат средно образование.

Таа истакна дека во светот има 770 милиони неписмени луѓе и тие се претежно жени.

Според Мохамед, состојбата во образованието е „алармантна“ не само затоа што милиони деца не одат во училиште, туку и поради големиот број на деца, млади и возрасни кои одат на училишта, но не добиваат образование.

Специјалниот претставник на ООН за образование, Гордон Браун, соопшти дека повеќе од 400 милиони деца го напуштаат училиштето на 11 или 12 години.