Свет 01. декември 2019. / 22:11

Ограбен музејот на тајната полиција „Штази“ во Берлин, украдени медали и накит

Ограбен музејот на тајната полиција „Штази“ во Берлин, украдени медали и накит

Непознати лица извршиле грабеж во музејот на ,,Штази” во Берлин,во кој се чувале предмети на тајната поранешната источногерманска полиција, соопштија властите , на неколку дена по историскиот грабеж во музејот во Дрезден.

Ограбувачите влегле низ прозорец, скршиле неколку витрини и одзеле медали и накит, се вели во соопштението на полицијата.

Тие избегале со пленот без да бидат спречени од некого.

Не се знае точно кога се случил грабежот, но вработен во музејот пронашол искршени витрини утрово во изложбената сала.

Кражбата се случува неколку дена по грабежот во музејот познат како ,,Зелена ризница” во Дрезден, исто така во поранешна Источна Германија, каде крадците во понеделникот однеле бесценет накит.

Најавена е награда од 500.000 евра за какви било информации за грабежот во Дрезден.