Свет 03. јануари 2021. / 12:22

Објавено досега невидено видео за ликвидацијата на генералот Касем Сулејмани

Објавено досега невидено видео за ликвидацијата на генералот Касем Сулејмани

Се појави ново видео кое го покажува моментот кога беше убиен генерал-мајор Касем Сулејмани во близина на меѓународниот аеродром.

Видеото покажува силна експлозија откако американските сили извршија ненадеен напад и го погодија конвојот во кој беа Касем Сулејмани и Абу Махди Ал-Мохандис.

Од овој инцидент, тензиите меѓу двете земји неверојатно се зголемија. И Вашингтон и Техеран честопати си упатуваа груби зборови и во еден момент може да дојде до сериозен судир меѓу двете сили.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!

Годишнината од атентатот врз иранскиот началник на Генералштабот Касем Сулејмани се одржа денес во Багдад.

Илјадници луѓе маршираа низ главните улици. Највисокиот воен врв исто така му оддаде почит на генералот.