Студентот на четврта година на Политехничкиот колеџ на Керч, Владислав Росјаков вчера активираше експлозивна направа во кантината на колеџот и потоа пукаше во своите колеги и професори, па се самоуби.
Тој пред еден месец ги минал сите медицински прегледи, вклучувајќи и психијатриски, и добил дозвола за поседување оружје.
Во експлозијата и пукањето на факултетот во Керч на Крим загинаа 20, а околу 70 се повредени.
Објавена е и снимка на која може да се слушне моментот на експлозијата и истрелите.