Фотографија од исчезнатиот саудиски новинар Џемал Кашогија беше објавена од страна на „Вашингтон пост”, како негова последна, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган бара доказ дека новинарот е жив.
На фотографијата која ја објави „Вашингтон пост”, за кого работеше Кашогија, се гледа како тој влегува во саудискиот конзулат во Истанбул пред околу една недела, пренесува „АП“, истакнувајќи дека новинарот оттогаш се води за исчезнат.
Американскиот весник, пак, вели дека неговата фотографија со печат на датум била обезбедена од „лице блиско до истрагата”.
Во исто време, државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја повика владата на Саудиска Арабија за поддршка на „темелна истрага” за исчезнатиот саудиски новинар и транспарентно објавување на резултатите од истрагата, пренесуваат медиумите.
59-годишниот новинар исчезна за време на посетата на саудискиот конзулат во Истанбул, каде што отиде по документи кој му беа потребни да ги подигне за да може да се ожени со својата свршеница која е од Турција, наведува агенцијата од САД.
Турските власти и неговите пријатели за „АП“ изјавија дека стравуваат дека новинарот бил убиен во конзулатот, додека Саудиска Арабија таквите изјави ги карактеризира како неосновани, но, како што забележуваат медиумите, никогаш не прижула ниту докази дека тој по влегувањето, ја напуштил зградата на конзулатот.