Свет 07. септември 2018. / 10:24

Обид за атентат врз водечкиот претседателски кандидат во Бразил

Обид за атентат  врз водечкиот претседателски кандидат во Бразил

Водечкиот претседателски кандидат и лидер на десницата во Бразил, Хаир Болсонаро, кој со нож беше прободен во стомакот за време на митингот во предизборната кампања, е опериран меѓутоа и натаму се наоѓа во критична здравствена состојба, изјави неговиот син Флавио, а истата информација ја соопшти и портпаролката на болницата во која беше извршена операцијата.

„За жал, ситуацијата е посериозна отколку што се надевавме”, напиша Флавио Болсонаро на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“. Според првичните информации лидерот на крајната десница во Бразил и кандидат за претседател, беше соопштено дека се здобил со површинска рана од нападот. По нападот уапсено е едно лице, а федералната полиција сооопшти дека е отворена и истрага за да се утрвдат причините и околностите за нападот.