Свет 03. јуни 2018. / 22:01

Новиот шпански премиер, згодниот Педро – омилен политичар на жените (ФОТО)

Новиот шпански премиер, згодниот Педро – омилен политичар на жените (ФОТО)

Водачот на шпанските социјалисти, Педро Санчез (46) положи заклетва пред кралот Фелипе Шести и официјално ја презеде премиерската функција во земјата.

Шпанскиот парламент со 180 гласа „за“ и 169 „против“ и еден воздржан изгласа смена на кабинетот на Рахој и инсталирање на Санчез на чело на Владата.

Шпанија е четврта економска сила во еврозоната и важи за влијателен член во рамки на Европската унија. Санчез, пак, и неговата партија се силни поддржувачи на политиките на официјален Брисел и опстанок на заедничката евро валута.

Санчез е седмиот премиер на Шпанија по враќање на демократијата во земјата во 1975 година по смртта на генералот Франсиско Франко кој важеше за диктатор.

Толку од политичката вест. Кога спласнаа првите емоции, со коментар се јавија жените ширум светот.

Тие кај Педро, освен надежен премиер, видоа и еден од најзгодните политичари во светот.