Свет 11. мај 2019. / 19:05

Новинар кој го критикувал Ердоган го претепале со безбол палки

Новинар кој го критикувал Ердоган го претепале со безбол палки

Колумнистот Јавуз Селим Демираг, кој критички пишува за претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, е претепан и е пренесен во болница, соопшти дневниот весник „Јеничаг“.

Весникот наведува дека нивниот колумнист Демираг е претепан со безбол палки. Тој бил нападнат од пет до шест луѓе.

Причината за нападот на Демираг се уште е непозната.

Инцидентот се случува во време на зголемени тензии поради одлуката турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и закажа повторно гласање на 23 јуни.

Партијата на правдата и развојот на Ердоган тврди дека победата во Истанбул е добиена со измама, додека опозицијата истакнува дека е евидентен притисокот на Владата врз Врховна изборна комисија.