Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе поддржат нови санкции против Русија поради наводното руско користење на хемиско оружје, изјави рускиот министер за надворешни работи Константин Косачев.
,,Шансите се 100 отсто дека министрите за надворешни работи на ЕУ и официјално ќе потврдат нови санкции против Русија во текот на утрешните разговори во Луксембург”, рече Косачев.
Тој смета дека Западот со санкциите сака да постигне три цели – дека е во право, потоа да се отфрлат сите обвиненија против нив, а третата цел е Запад да го обезбеди правото да истражува, тужи и казнува секоја земја во согласност со своите одлуки, а да не и дозволи на другата страна да се запознае со случајот и притоа да ги искористи своите економски предности да влијае на пазарот.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија соопшти дека министрите на ЕУ официјално ќе одобрат санкции против Русија на состанокот на Европскиот совет во Луксембург