Неколку илјади демонстранти во Ерусалим се собраа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, барајќи негова оставка.
Слични протести во последните неколку недели се одржуваа и против „владината корупција“ и повремено ескалираа во остри судири со полицијата.
Нетанјаху во три одделни афери е обвинет за корупција, измама и злоупотреба на довербата.
Демонстрантите тврдат и дека тој лошо управување со епидемијата на корона вирусот и ја ограничува демократијата.
Минатата недела беше донесен закон со кој владата доби посебни овластувања да се бори против Ковид-19 до јуни 2021 година, со кој се ограничи контролата на парламентот врз одлуките на владата.
Со повеќе од 60.000 заразени и 455 мртви од Ковид-19, Израел во последните денови има повеќе од илјада нови случаи дневно.