Свет 21. јануари 2019. / 15:36

Нов напад врз американски војници во Сирија

Нов напад врз американски војници во Сирија

Најмалку пет лица загинаа во напад врз колона американски и курдски сили во Сирија, пренесува агенцијата АФП, повикувајќи се на извори од невладината „Сириска опсерваторија за човекови права“, со седиште во Лондон.

Како што јави АФП, нападот го извел самоубиец со автомобил полн експлозив. Убиени се припадници на „Демократските сили на Сирина“ (Курди), кои што ги поддржуваат САД, додека двајца американски војници се повредени.

Во сличен инцидент минатата недела загинаа четворица американски војници.