Израел ја стави својата војска во состојба на готовност, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ја скрати посетата на Грција.
Тоа се случи по американскиот напад во Ирак во кој е убиен Касим Сулејмани, командант на Иранската национална гарда, а Иран се закани со одмазда.
Израел, најблискиот американски сојузник на Блискиот исток и најголем регионален непријател на Иран, јавно не реагираше на смртта на Сулејмани и командантот на проиранската ирачка милиција Абу Махдија ал-Мухандиса.
Сепак, кабинетот на Нетанјаху потврди дека тој порано ќе се врати од посетата на Грција.
Израелското воено радио објави дека војската ја кренала својата готовност, а министерот за одбрана Нафтали Бенет се состана со воените и разузнавачки шефови заради проценка на ситуацијата.