Свет 14. август 2019. / 14:37

НАТО: Ловецот што го пресретна авионот на Шојгу е шпански и е дел од балтичката воздушна патрола

НАТО: Ловецот што го пресретна авионот на Шојгу е шпански и е дел од балтичката воздушна патрола

НАТО авион-ловец кој се обидел да му се приближи на авионот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу над неутралните води над балтикот, му припаѓал на шпанското воено воздухопловство.

Тој бил базиран во Литванија, јавува руската агенција ТАСС.

Како што соопштува НАТО, ловците се приближиле до авионот со кој летал рускиот министер со цел да го идентификуваат леталото.

Ловците од составот на балтичката мисија на воздушното патролирање на НАТО испратени се да го идентификуваат авионот кој летал во близина на воздушниот простор на НАТО сојузот, се наведува во кусото соопштение од НАТО.