Свет 09. јануари 2019. / 20:35

НАТО ја зголемува зачестеноста во Црното Море

НАТО ја зголемува зачестеноста во Црното Море

Шефот на украинската мисија во НАТО, Вадим Пристајко, изјави дека алијансата ја зголемува зачестеноста на влезот на бродовите во Црното Море.

-Има постојани оперативни групи (поморски воени бродови), а Холандија сега води една од нив… Тие исто така имаат намера да влезат во Црното Море – изјавил Пристајко за телевизијата „112 Украина“, а објавуваат и украинските медиуми.

Тој додаде дека зачестеноста на влезот на бродови на НАТО во Црното Море е ограничена со Конвенцијата од Монтре, која го ограничува преминувањето поморски бродови што не им припаѓаат на земјите од Црното Море.

Престојот на борбени бродови на други земји во Црното Море е ограничен на временски период во согласност со Конвенцијата од 1936 година.

Украинската агенција претходно објави дека пред два дена брод на американската морнарица „Форт Мекенри“, кој беше дел од 22. поморска експедитивна група, поминал низ Дарданелите во Црното Море.