Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да ги ослободи бродовите и морнарите.
Тој порача дека нема оправдување за користењето на воена сила од страна на Русија против украинските бродови и морнари. Според него, сите сојузници изразиле поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли за време на денешниот состанок на Советот за безбедност ја предупреди Русија дека запленувањето на трите украински бродови е прекршување на суверенитетот на украинската територија. Според неа, тоа е арогантен акт кој треба да биде осуден од меѓународната заедница.