Децата мигранти присилно добиваат широк спектар на психотерапевтски лекови, кои влијаат на менталните функции, во засолништата за млади, кои ги основала американската влада, за полесно да се носат со траумите откако се затворени или одвоени од родителите, се наведува во тужбата која ја поднесе Центарот за човекови права од Лос Анџелес.
Во тужбата е наведено дека децата се чувани во објекти како Шилох центарот во Тексас „на сигурно“, а добиваат дрога без оглед на нивната состојба и без согласност од родителите.
„Доколку сте во Шилох центарот, сигурно е дека сте на тие лекови“, рекол еден од адвокатите на Центарот.
Тужбата е заснована на сведочење на децата кои наведувале дека добиваат инекции кога одбиваат да земат лек, но и родителите тврдат дека не се прашани за согласност нивните деца да земаат лекови за анксиозност.
Земањето различни психотерапевтски лекови во исто време може сериозно да им наптети на децата, се наведува во туќбата и се истакнува потребата за надзор за да се спречи употреба на лекови.