Свет 28. октомври 2019. / 18:58

Насилни демонстрации во Багдат: Двајца убиени, најмалку 105 повредени

Насилни демонстрации во Багдат: Двајца убиени, најмалку 105 повредени

Во судирите со силите за безбедност во Багдат убиени се најмалку двајца демонстранти, а 105 се повредени денеска кога на антивладините протести се придружија илјадници студенти и ученици.

Владата претходно наложи на училиштата и универзитетите да работат нормално, а воведен е и полициски час од полноч до шест часот наутро во Багдат.


Главното место за собирање во Багдат е плоштадот Тахрир, а безбедносните сили употребија солзавец и шок бомби како би ги спречиле демонстрантите да го преминат главниот мост кој води до Зелената зона, каде е седиштето на ирачката влада и странските амбасади.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во протестите овој месец.