Свет 03. февруари 2020. / 10:31

Напаѓачот од Лондон носел лажен самоубиствен елек

Напаѓачот од Лондон носел лажен самоубиствен елек

Британската полиција соопшти дека осомничениот во вчерашниот терористички напад во Лондон носел лажен самоубиствен елек.

„Пронајден е уред, врзан за телото на осомничениот, и специјалисти беа изведени на местото на настанот. Беше утврдено дека станува збор за лажен уред“, се вели во соопштението од лондонската полиција на „Твитер“.

Полицијата додава дека е прогласено дека станува збор за „терористички инцидент“ и се сомневаат дека е поврзан со исламизам.

Полицијата уби маж во јужен Лондон, откако тој со нож прободел најмалку две лица.