Свет 31. јули 2018. / 15:18

Напад во Таџикстан – убиени се странци (ВИДЕО)

Напад во Таџикстан – убиени се странци (ВИДЕО)

Бруталниот напад на група странски велосипедисти во Таџикистан, сега се води како можен терористички напад, наведе полицијата.

Инцидентот се случи во неделата во руралната област на 90 километри југоисточно од Душанбе. Во нападот загинаа двајца Американци, еден Холанѓанец и еден Швајцарец.

Според полицијата се разгледуваат сите можности за нападот, дури и терозиам, а според американската амбасада во Душанбе, постојат докази дека тоа е намерен чин.

На вознемирувачкото видео се гледа како црн автомобил удира во група велосипедисти, а потоа се враќа да ги докрајќи.

Снимката тука завршува, а сспоред некои извештаи, возачот и сопатниците потоа излегле од автомобилот и со оружје и ножови ги нападнале велосипедистите.

Автомобилот е најден во блиско село, а тогаш дожло до вооружен судир меѓу напаѓачите полицијата при што еден е убиен, а другиот е уапсен.

Тројцата друи напаѓачи, меѓу кои и возачот успеале да побегнат, но полицијата ги стигнала и ги „елиминирала“.

Сите осомничени се мажи на возраст од 19 до 21 година.

Одговорноста ја презеде Исламска држава, но РТ потсетува дека таа организација рутински презема одговорност за сите поголеми напади.