Свет 14. мај 2018. / 22:47

Напад во САД: Момче со нож се обидело да упадне во училиште, двајца ранети

Напад во САД: Момче со нож се обидело да упадне во училиште, двајца ранети

Деветнасетгодишно момче со нож повредило еден маж и жена пред влезните врати на училиштето во кое сакал да упадне во градот Котлик, во американската сојузна држава Алјаска.

Според наводите на локалните власти, директорот на училиштето во Котлик наредил училиштето да се заклучи, пред 19 годишниот Рик Ендрус да стигне до влезната врата, пренесува „АП“.

Државната полициска агенција на Алјаска наведува дека Ендрус удирал по вратата, се заканувал дека ќе го убие директорот на училиштето и се обидел да влезе во школото низ прозорецот и другата врата.

„АП“ наведува дека мажот и жената му пришле на Ендрус и се обиделе да интервенираат.

Меѓутоа, тој им нанел убодни рани по телата, но тие успеале да му го оттргнат ножот.

Други две лица успеале да го совладаат Ендрус, додека не стигнала полицијата.

Повредените граѓани биле пренесени во болница.