Свет 15. март 2019. / 09:38

Напад во џамии во Нов Зеланд – напаѓачот објави видео во живо

Напад во џамии во Нов Зеланд – напаѓачот објави видео во живо

Еден од напаѓачите кој го изврши нападот во џамии во новозеландскиот град Крастчрч објавил видео во живо на Фејсбук. Клипот е маркиран за време на нападот, објави „Вашингтон тајмс“.

Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.

Видеото е веќе избришано од Интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи.

Најмалку 40 луѓе загинаа во нападот и повеќе од 20 се ранети и во тешка состојба.