СВЕТСе судрија два мали авиони во Германија, има загинатиОбјавено пред 17 минути – 11 јули, 2020Од Макфакс
Најмалку двајца пилоти загинаа во судир на два спортски авиони над градот Дулмен, Северна Рајна-Вестфалија, објави „Фокус Онлајн“.
Не е познато колку луѓе имало во авионите.
Полицијата добила информации за несреќата во 13.45 часот. Откриени се телата на пилотите.
Спасувачки екипи пристигнаа на местото на несреќата. Во тек е истрага.