Свет 31. октомври 2019. / 11:59

Над 70 мртви во страотен пожар во воз во Пакистан (ФОТО)

Над 70 мртви во страотен пожар во воз во Пакистан (ФОТО)

Најмалку 71 лице загина во пожар на воз во пакистанската провинција Пенџаб, а несреќата  се случила при екслозија на  шпорет на гас, соопштија пакистанските власти.

Пожарот ги зафати вагоните додека возот се приближувал до градот Лиакаатпур. Заменик комесарот  изјавил  дека несреќата се случила при подготовките за појадок. Тој рече дека многу од  повредени патници скокале од возот и дека голем број од нив загинале.

Службеникот за итни служби во округот Калем Улах изјави дека најмалку 43 лица се повредени во пожарот, а  11 од нив во критична состојба.

Преживеаните велат дека на возот му  биле потребни 20 минути запре, пренесе АП.

Министерот за железница во Пакистан, шеик, Рашид Ахмед, истакна дека забрането е носење  на мали апарати што работат на плин  со возовите , но дека многу патници не го следат правилото.

Спасувачите утрово започнале мисија за пребарување и спасување, а пожарникарите дошле на местото на настанот. Властите соопштија дека сè уште се обидуваат да ги идентификуваат жртвите и дека списокот на мртви сè уште не е финализиран.